На традиционалниот ракометен турнир во чест на големиот македонски празник „11 октомври”, во Куманово, кадетската екипа на Голден Арт си замина со победничкиот трофеј откако во големото финале ја совлада екипата на КЛ7 Свети Николе со 26:21.
На турнирот учествуваа домаќинот, Куманово, Бутел од Скопје, КЛ7 Свети Николе и шампионот од овогодинешното издание, Голден Арт.
Екипата на Голден Арт во првото полуфинале беше подобра од Бутел Скопје со 28:27, додека КЛ Свети Николе славеше над домашниот состав.
За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен ракометарот од КЛ7 Свети Николе, Димитар Крстев, додека за најдобар играч беше избран ракометарот од Голден Арт, Петар Стојаноски.