Претстојното лето покрај женската кадетска репрезентација, ќе бидат активни и две машки селекции – кадетската и младиснката.
Тие ќе настапат на ЕХФ шампионатите што ќе се играат во јули и во август, а ривалите ќе ги дознаат на ждрепката во Виена на 24 февруари.
Рангирањето и шеширите ќе бидат дополнително објавени од Европската ракометна федерација во најскоро време.
Кај кадетите има пријавено 24 репрезентации, и најавени се три домаќини – Израел, Украина и Летонија каде би играле по осум селекции.
Кај младинците има пријавено 21 репрезентации, ќе се играат два шампионати, а бидејќи немаше повеќе заинтересирани организатори, двата ќе се играат во Бугарија.
Кадетските ЕХФ шампионати ќе се играат од 8 до 14 август, додека младинските ќе бидат на програмата од 8 до 17 јули.