Покрај Норвешка и Црна Гора, кадетската репрезентација на Македонија го дозна и третиот ривал во групата на Мундијалот во Хрватска.
Станува збор за селекцијата на Гвадалупе, кој го освои првото место и трофејот на кадетскиот ИХФ трофеј во Костарика како претставник на Северна Америка и Кариби.
Гвадалупе, кој како и Црна Гора, ќе биде дебитант на Светското првенство, прослави три победи и едно реми на ИХФ трофејот.
Во клучниот натпревар, Гвадалупе славеше против Грузија со 33-29, а потоа ја победи и Никарагва со 46-38. Беше остварен триумф над Тахити со 43-18, додека мечот со Нигерија заврши реми 32-32.
Најдобриот стрелец на турнирот доаѓа од Гвадалупе, Јанрик Данкен, кој постигна 31 гол на четирите меча.
Светското првенство во Хрватска ќе се игра од 2 до 13 август.