Машката кадетска репрезентација на Македонија се наоѓа во Унгарија, каде што утре и задутре треба да одигра две пријателски средби со силниот домаќин.
Втората фаза од подготовките за Светското првенство во Хрватска ќе биде завршена со двете проверки пред мундијалските настапи.
Унгарија исто така ќе биде дел од Мундијалот, а минатата година оваа генерација беше четврта на Европското првенство во Црна Гора.
Пред дуелите со Македонија, Унгарија имаше две проверки со Босна и Херцеговина. На првата славеше со 40-25, додека на вториот дуел победи со 32-30.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Унгарија се игра утре од 16:00 часот, додека задутре во истиот термин е вториот двобој.
Македонија на СП ќе биде во група со Норвешка, Грузија и Црна Гора.