Кадетската машка репрезентација на Македонија е дел од вториот шешир пред ждрепката за ЕХФ шампионатот што ќе се одржи во нашата држава од 13 до 20 август следната година.
Осум репрезентации ќе бидат дел од двете групи на првенството во Македонија, а нашата репрезентација нема да може да игра против Украина. Ќе се формираат две групи по четири селекции, а потоа ќе се игра полуфинале и финале, како и натпревари за пласман.
Шешир 1: Полска, Швајцарија
Шешир 2: Македонија, Украина
Шешир 3: Грузија, Естонија
Шешир 4: Грција, Босна и Херцеговина
Ќе има уште два ЕХФ шампионати во оваа конкуренција во Бугарија (Бургас) и во Црна Гора (Подгорица), а Европското првенство, односно ЕХФ Еуро ќе се одржи во Словенија (Целје). Победникот од ЕХФ шампионатот обезбедува место на ЕХФ Еуро. Ждрепката ќе се одржи на 4 ноември од 14:30 часот.