Репрезентацијата на Македонија во машка кадетска конкуренција ги доби ривалите за ЕХФ шампионатот на кој ќе се бара одново место на Европското првенство и за кадети и за младинци.
Противниците се по мерка бидејќи во првиот круг ривалите се домаќинот Летонија (можеше да ја одбере групата), Турција и Косово. Очекувањата се без проблеми да се помине групата, а потоа во полуфиналето да се обезбеди место во финалето. Во другата група фаворити се Русија и Швајцарија, а во истата група се и Луксембург и Белгија.
Ќе има три ЕХФ шампионати. Извлечени се групите и за нив, а истите носат возбудувања.
Во шампионатот број 1 се најдоа:
На шампионатот број 3, пак, имаше место исто така за осум селекции поделени во две групи кои ќе имаат можност исто така да разигруваат за место на ЕП.
Извлечени се и групите за Европското првенство каде што играат најдобрите 16 селекции. Овој шампионат ќе се одржи во Црна Гора, а очекувањата се на следниот и Македонија да биде дел меѓу овие 16 репрезентации.