Изминатиот викенд започнаа натпреварите во машката пионерска лига, во која сезонава ќе има 25 екипи поделени по региони во пет групи.
Кумановци забележаа минимална победа над Металург, додека со ист резултат Еурофарм Пелистер го освои Охрид.
Интересно беше и на дуелот меѓу Аеродром и Скопје, а победнички старт имаше и составот на Алкалоид.
Во локалното дерби, составот на Тиквеш без поголеми проблеми славеше против Вардар Неготино, додека стружани забележаа триумф против Сани.
Второто коло е на програмата претстојниот викенд.
Пионери, 1. коло, резултати:
Група А
Куманово – Металург 21-20
Бисинов – Голден Арт 39-20
Вардар слоб.
Група Б
Младост Јуниор – Еурофарм Пелистер 2 одл.
Охрид – Еурофарм Пелистер 20-21
Преспа Вардар слоб.
Група В
Алкалоид – Рисови 25-22
Аеродром – Скопје 19-20
Бутел Скопје слоб.
Група Г
Прилеп – Младост Богданци 23-14
Тиквеш – Вардар Неготино 21-16
Радовиш слоб.
Група Д
КЛ7 Струга – Јехона 18-17
Струга – Сани 24-19
Асови Кичево слоб.