Во ефикасен натпревар на гостувањето во Струга ракометарите на Тиквеш дојдоа до победа од 34:32 со што продолжуваат во ритамот во кој тргнаа во пролетниот дел од сезоната и со одржувањето на курсот за пласман во плеј-офот од Супер машката лига.
Уште на стартот од средбата се виде дека ракометарите на Тиквеш се мотивирани од гостувањето во Струга да си заминат со бодови. Имаа подобра игра и успеаја да воспостават контрола. Тргнаа подобро и ги користеа своите шанси. Стружани парираа доста време и успеваа да се одржуваат на гол негатива до 7:8. Тука гостите отидоа на плус три и ова им отвори простор за подобар резултат.
Се играше ефикасно и тоа носеше простор за пократки акции од кои имаше повеќе реализација на гостинскиот состав. Тимот од Кавадарци успеа да дојде до плус пет на крајот од првиот дел и успеа да стигне до 20:15 на крајот од првото полувреме така што имаше можност за мирно пречекување на вториот дел.
Продолжението стана интересно и малку резултатски потензично бидејќи стружани успеаја да намалат на три гола разлика при 19:22. Тука дојде до период во кој никој не смееше да си дозволи грешка. Практично двата тима се следеа постојано бидејќи Тиквеш поведуваше со четири разлика, а домашните веднаш намалуваа на три.
Струга успеа да стигне до два негатива при 28:30, но веќе во следниот напад гостите одново погодија и на шест минути до крајот на средбата имаа плус три што даваше одново сигурност. Брзо дојде и одново до плус четири, па во последните минути можеше да дојде и до опуштање, но победата не беше загрозена. Тиквеш дојде до победа од 34:32 и со новите три бода само продолжи со сигурниот чекор кон плеј-офот кој е веќе на дофат.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА