Селекторите на репрезентациите кои ќе земат учество на Олимписките игри во Токио веќе ги соопштуваат имињата на ракометарките и ракометарите кои ги планираат, а нови на тој список се Унгарките.
Веќе се познати 14 ракометарки за колку ќе има место на Олимпијадата во секој од натпреварите. Секој селектор може да има уште еден голман и уште една ракометарка во поле плус кои би се нашле на терен во случај да има повредени.
Составот на Унгарија кој е предводен од Габор Елек и Габор Дани не е така силен како пред неколку сезони, но се очекува добар резултат. Тие се решија за следните ракометарки:
ГОЛМАНИ: Бланка Биро (ФТЦ Раил Карго), Кинга Јанурик (ФТЦ Раил Карго)
ДЕСНО КРИЛО: Викторија Лукач (Ѓер)
ДЕСНИ БЕКОВИ: Николета Киш, Сузана Томори (Шиофок), Катрин Клујбер (ФТЦ Раил Карго)
СРЕДНИ БЕКОВИ: Анико Ковачич, Зита Шучански (Ференцварош), Петра Вамос (Дебрецен)
ЛЕВИ БЕКОВИ: Ноеми Нафра (Ференцварош), Сандра Шолоши Зачик (МТК Будимпешта)
ЛЕВИ КРИЛА: Грета Мартон, Надин Шацл (Ференцварош)
ПИВОТИ: Река Бордас (Дебрецен), Анет Кишфалуди (Ференцварош)
Унгарија патува за токио на 16 јули, а ќе има три контролни средби дотогаш. На игрите во Токио се наоѓа во Групата Б со составите на Шпанија, Русија, Шведска, Франција и Бразил.