И Турција означи крај – нема шампиони!

Последна федерација во редот на оние што решија да ги завршат шампионатите предвреме е турската.

Турците долго време одолеваа и правеа планови за продолжување на лигите, но решија дека нема услови за игра.

Нема да бидат прогласени шампиони во машка и женска конкуренција, а за местата во Европа ќе важат табелите до прекинот.

Тоа значи дека Бешикташ ќе игра во Лигата на Европа, а Бејкоз, Спор Тото и Анталијаспор во ЕХФ Купот.

Кај дамите, Кастамону и Јенимале ќе играат во Лигата на Европа, додека во ЕХФ Купот шанса ќе добијат Јаликавак и Муратпаша.