Капитенот Кире Лазаров денеска против Русија го одигра својот 42. натпревар на Светските шампионати.
Десниот бек не погоди ниту еднаш од четири обиди на овој дуел и не се запиша во листата на стрелците.
Почнувајќи од Египет 1999, Хрватска 2009, Шпанија 2013, Катар 2015, Франција 2017, Германија/Данска 2019, Лазаров беше дел и до Египет 2021.
На сите досегашни одиграни средби на Мундијалите, Лазаров беше стрелец на најмалку еден погодок, а во најголем дел од тие натпревари беше и најефикасен наш репрезентативец.
Македонија ја чека уште еден натпревар на Светското првенство пред враќањето дома, против Белорусија в недела.