Ракометарите на Спартак Москва во 4. коло од СЕХА лигата ја остварија првата победа откако денеска беа подобри на свој терен од Металопластика со 36:32.
Претставникот од Русија стигна до првите бодови во СЕХА со подобра игра во финишот на натпреварот. Првото полувреме помина израмнето, а Металопластика имаше минимално водство. Сепак, не успеваше значајно да се одвои. Така беше и по одигрување на 30. минути кога гостите имаа предност од 19:18.
Немаше ништо различно и во поголемиот дел од второто полувреме, сè до 50. минута кога беше 27:27. Во одлучувачките моменти од дуелот ракометарите на Металопластика направија неколку грешки со што го изгубија мечот. Пресечените топки Спартак Москва ги реализираше и во финишот одигра мирно и запиша први бодови.
Предводници до победата на Спартак Москава беа Ковлев со девет погодоци, и поранешниот вардарец Деревен кој постигна седум од кои четири во последните десет минути со две украдени топки. За екипата на Металопластика по осум гола постигнаа Матичиќ и Милиќ.