Дерби дуелот од 2. коло во Лигата на шампионите во женска конкуренција заврши со нерешен резултат од 23:23, а на теренот беа екипите на ЧСМ Букурешт и Ростов Дон.
И двете екипи добија по едно полувреме со по еден гол разлика, а неизвесноста беше присутна во текот на сите 60 минути. Нијанси пресудуваа, но на крајот ниту еден од тимовите не успеа да дојде до предност, па мораа да се помират со поделба на пленот. На полувреме гостинките имаа 14:13, а во вториот дел беше посиромашно со голови така што домашните го добија овој период, па на крајот беше 23:23.
Тимот на ЧСМ Букурешт ниту со новиот тренер не покажа напредок, па мораше да се задоволи со бод. На тој начин двете екипи имаат по три поени после две средби во Групата Б.
Во таборот на ЧСМ Букурешт денеска најефикасна беше поранешната вардарка, Андреа Лекиќ со осум гола, додека по четири имаа Омореги и Торстенсон. Во тимот на Ростов Дон, екс-ракометарката на Вардар, Полина Кузнецова имаше еден гол, а нејзината сестра Ана Вјахирева доминираше со 12 погодоци.