Нексе и Бенфика се првите две екипи кои обезбедија пласман на фајнл-фор турнирот во Лигата на Европа благодарение на победите во првите натпревари. Нексе ремизираше во Данска со ГОГ Гудме (37:27), а натпревар без победник одигра и Бенфика на гости кај Горење (27:27)
Нексе во Данска на гостувањето кај ГОГ Гудме отпатува со одлична предност од пет голови разлика, на домашен терен славеа со 32:27. Денес во Данска одиграа реми кое им беше доволно за пласман на завршниот турнир. Играше Нексе сигурно од почетокот на мечот, па се до финишот од првиот дел кога домаќинот стигна до првото водство, а на пауза замина со 22:20.
Добрата игра тој период ГОГ Гудме ја пренесе и во почетните минути од второто полувреме кога стигнаа и на „плус 4“ (26:22). Тоа како да беше аларм за Нексе кој од тој момент повторно го крена на нивото на игра и не дозволи изненадување. Халил Јагањац беше најефикасниот поединец кај Нексе со дури 12 постигнати гола, а кај домаќините Питлик 11 пати се запиша во листата на стрелци.
Бенфика после исто така високата победа од 36:29 против Горење на домашен терен, денес на гостински терен не дозволи изненадување и како и Нексе одигра реми. Во текот на целиот натпревар Горење ниту еднаш не беше сериозна закана дека може да ја стигне предноста на Португалците од првиот натпревар.
Најефикасен во редовите на Бенфика беше Џонас Климас со пет гола од шест обиди на спротивната страна Вердинек Матиќ постигна седум гола.
Фајнл-фор турнирот во Лигата на Европа е закажан за на 28 и 29 мај.