Ветеранката од Бразил, Чана Масон и покрај тоа што има 42 години не планира да ја заврши својата кариера туку нејзините планови се следната сезона да игра во првенството на Данска.
Според данските медиуми нов клуб на Чана Масон ќе биде Хорсенс, а ова практично ќе значи враќање во првенството на Данска после неколку години бидејќи од 2019 година игра во ЦСКА Москва.
Колешката на Сара Ристовска од тимот на ЦСКА Москва има големо искуство зад себе и одлични резултати со репрезентацијата и со тимовите каде има настапувано.
Во својата кариера го носеше дресот на Елче, Феробус Мислата, ФЦК, Лајпциг, Рандерс, Виборг, Одензе, Сторхамар и ЦСКА Москва. За репрезентацијата на Бразил играше од 1999 до 2012 година.
Чана Масон во декември полни 43 години.