Покрај големиот број на најави дека на големите натпреварувања натпревари во ракомет ќе бидат одиграни на фудбалски терен доаѓа најава и од шампионот на Полска за ист потег.
Првиот човек на Келце, Бертус Сервас вели дека размислува во август во 2023 година да биде организиран натпревар на отворено и тоа на Националниот стадион во Варшава. Стадионот е со капацитет од 58.850 седишта за фудбалски натпревари, додека за концерти може да прими 72.900 гледачи.
„Регрутираме на тим на креативни луѓе кои ќе можат да го остварат овој проект и сонот да го претворат во јаве. Чекаме и волонтери. Дефинитивно ќе биде забавно“, вели Сервас.
Иако ова е најава која треба да се реализира за две години од денес, сепак, ништо не се препушта на случајноста и уште сега почнува создавањето на програмата и целата организација.