Раководството на полскиот првак Келце, како и многу други тимови ширум Европа, реши да има драстично намалување на платите на ракометарите.
Според полскиот „Handbаllnews“, ракометарите се информирани за оваа одлука на раководството уште минатата седмица, а се шпекулира дека намалувањето на платите ќе биде 70%.
Ова се однесува на периодот кога нема натпревари, април, мај и јуни, со оглед на тоа што сезоната во полскиот шампионат веќе заврши, а Келце беше прогласен за првак. Претседателот на клубот Бертус Сервас не сакаше да ја коментира оваа одлука.
„Се уште е рано за коментар“, кажа Сервас.
Долго време се зборува за лошата финансиска ситуација во Келце, но и покрај тоа клубот опстојува долго време и носи врвни ракометари.
Претходно одлуки за намалување на платите донесоа Барселона, Веспрем, Кил, Рајн Некар, ПИК Сегед, Фуксе Берлин, Висла Плоцк и многу други.