И ЕХФ му даде признание: Кралот Кире седна на жешкото селекторско столче на Македонија (ВИДЕО)

Европската ракометна федерација го најави поставувањето на Кирил Лазаров за селектор со убаво видео и му посака среќа во новиот предизвик во кариерата. Кралот, легендата, а сега нов селектор на Македонија! Ова е постот на Фејсбук страницата со што е јасно дека уште е на голема цена во Европа како играч така што несомнено е дека сите очекуваат да биде успешен и во новата улога. Во видеото може да се погледнат неколку убави моменти од големите натпреварувања на кои Лазаров беше со своите колеги.