Женската кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра третиот натпревар од групната фаза на Светското првенство.
Ривал е селекцијата на Иран, а доколку слави нашата селекција ќе пренесе два бода во главната рунда во која ќе игра со две од овие три репрезентации – Исланд, Црна Гора и Шведска.
Македонија на првите два натпревари од групната фаза оствари убедлива победа против Сенегал, односно Узбекистан.
Селекторот на македонската репрезентација, Љубомир Савевски истакна дека неколку ракометарки од кадетскиот состав би можеле да бидат конкурентни за сениорскиот состав за настап на Европското првенство во ноември, на кое нашата држава заедно со Црна Гора и Словенија ќе бидат домаќините на најдобрите европски репрезентации.
,,И еден играч да „дојде“ од овие настапи на Мундијалов е голема добивка. Јас мислам дека ќе имаме четири-пет ракометарки што ќе одат напред и ќе бидат конкурентни и за сениорскиот состав на Европското првенство во ноември”, изјави Савевски.
Натпреварот меѓу Македонија и Иран се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.