Ракометароте на Вардар, Патрик Валчак би можел да настапи денеска на дуелот против селекцијата на Русија во 3. коло од вториот круг на Европското првенство. Тој ги помина потребните денови во карантин и има негативен тест така што доби можност за да настапи.
Валчак е на списокот од 20 играчи, а голема е веројатноста дека ќе се најде и меѓу оние 16 кои ќе играат денеска. Покрај него од карантин излезе и Зембжицки кој исто така се враќа во комбинација за настап на ова Европско првенство.
Полска има добро првенство досега и против Русија се очекува убав натпреар кој сигурно ќе донесе интересен ракомет. Средбата почнува од 15:30 часот.
Во таборот на Русија во комбинација за настап е и Косоротов, кој исто така беше позитивен и мина неколку дена во карантин.