Иако унгарските клубови подолго време не сакаа да чујат за одложување на натпревари или играње пред празни трибини поради коронавирусот, очигледно ќе мора да ги следат препораките на властите.
Шампионот Веспрем веќе објави дека натпреварот против Војводина на 14 март од СЕХА лигата и оној на 29 март против Висла Плоцк од Лигата на шампионите ќе игра без присуство на публика.
Вицепрвакот ПИК Сегед најправо објави дека денешната средба со Ференцварош ќе ја игра со публика, потоа ја повлече информацијата и најави дека тој натпревар, но и следниот од првенството против Орошази ќе бидат одиграни без гледачи.
Натпреварот против Вардар, кој треба да се игра на 29 март не беше споменат, но многу веројатно и тој ќе биде одигран без навивачи, ако се следат препораките од унгарските власти, кои забранија повеќе од 100 луѓе на спортските натпревари на неодредено време.