Михал Олејничак, еден од ракометарите во кои полската јавност полага големи надежи, е нов ракометар на Келце.
Досегашниот 19-годишен среден бек на тимот на Гдањск, кој веќе дебитираше за сениорската репрезентација на големите натпреварувања, ќе им прави друштво на Игор Карачиќ и Хаукар Трастарсон на плејмејкерската позиција.
Покрај Олејничак, Келце го ангажираше и младиот пикер Себастијан Качор, ги врати од позајмица левиот бек Симон Сичко, како и левото крило Цезар Сургиел.
„Драго ми е што ги имаме најголемите таленти на полскиот ракомет во тимот на Келце“, кратко искоментир претседателот Бертус Сервас.
Олејничак потпиша договор на три сезони и ќе се појави подготовките на Келце кои ќе почнат во средината на јули.