Раководството на Ракометната федерација на Белгија одлучи да стави крај на сезоната откако стана јасно дека ситуацијата со коронавирусот нема да заврши брзо и ќе биде потребно време за да може сè да се врати во нормала.
Според првичната одлука лигата беше предвидено да биде на пауза до 5 април. Сепак работите се сменија, па место после 5 април да се очекува одлука за продолжување на натпреварите, падна одлука за прекин на сезоната.
Уште нема информација за тоа кој ќе биде шампион и како ќе бидат поделени местата за влез во европските купови. Се бара модел по кој ќе може да се донесе одлука за ова.
Воедно се бара начин и како да се одлучи дали некој ќе ја напушти најсилната лига и дали од понизок ранг ќе се пласира некој состав во највисокиот ранг на натпреварување.