И Асобал како Бундес – ќе означи крај на лигата?

Деновиве се повеќе национални федерации одлучуваат да ги завршат првенствата без да бидат доиграни сите натпревари. Послдени во низата беа федерациите на Германија и Хрватска кои означија крај.

Конечна одлука во Асобал лигата сè уште нема, но со оглед на времето кое останува до крајот на сезоната и натпреварите кои треба да бидат одиграни се поизвесно е дека и федерацијата на Шпанија ќе мора да го заврши првенството порано.

Во идеална ситуација во земјата, екипите најрано би можеле да започнат со тренинзи на 11 мај. На клубовите да се подготват за продолжението на сезоната им треба еден месец што значи дека натпреварите не би можеле да се играат пред 12 јуни.

До крај на Асобал лигата остануваат 11 кола, па така за да се одиграат сите мечеви до 1 јули кога на голем број играчи им завршуваат договорите има 19 денови. Според правилото помеѓу секој натпревар клубовите треба да имаат пауза од 72 часа што значи дека е невозможно ова да се реализира за толку краток период.

Според ова сите околности укажуваат на тоа дека раководството на Асобал лигата наскоро ќе донесе одлука за крај на првенството. Останува да видиме дали ќе биде прогласен шампион или првенството ќе биде поништено. Барселона е водечка на табелата и евентуално поништување на сезоната може да им ја одземе титулата.