Еден од тимовите кои во новата сезона ќе водат главен збор во трката за првото место и пласман во Супер машката лига, Аеродром од денеска е на подготовки.
Ракометарите на Аеродром денеска имаа собир и прв тренинг на отворено така што се тргна во подготвување за она што ќе претстои во новата сезона.
Тимот почна според она што го налага протоколот за старт на подготовките, а во Скопје ќе се тренира во првите две недели. Потоа ќе следуваат седум дена во Струга и ќе се влезе во завршната фаза од подготовките.
Аеродром се очекува да биде главниот ривал на Вардар Неготино, но тука секогаш може да се појават и други тимови кои ќе бидат подготвени да влезат во трката за врвот во прволигашкото друштво.