Долгата традиција 13 години со организацијата на кампот за ракометни голмани во хрватскиот град Омиш продолжи и ова лето.
Македонскиот тренер на голмани Ице Соколески е дел од одбраното друштво и ќе биде дел од тренерскиот штаб на кампот заедно со Харис Поробиќ, Дино Шпиранец, Примож Прост…
Тренерот на голмани во Еурофарм Пелистер и во машките репрезентации на Македонија ќе се обиде да им ги пренесе голманските „тајни“ на многуте млади голмани од целиот свет.
Меѓу демонстраторите на кампот во Омиш се голманите на најсилните европски екипи – Андреас Вулф, Филип Ивиќ, Марин Шего, Виктор Халгримсон, Урх Кастелиц…