Светската ракометна федерација на последниот состанок, како една од точките, го имаше и одржувањето на неофицијалното светско клупско првенство, Супер Глоуб.
Турнирот првично е закажан од 6 до 10 октомври во Дамам, Саудиска Арабија, а потврдени се три тима од десет – Барселона како бранител на титулата, азискиот првак Ал Араби и африканскиот Замалек.
Ракометната федерација на Саудиска Арабија уште на 26 март побарала да биде одложен настанот, но ИХФ реши да чека подолго време, односно до 1 јули, кога треба да биде донесе одлука дали ќе се откаже или само ќе се одлжи Супер Глоуб.