Топката со која ќе се играат натпреварите на Светското првенство јануари во Египет е веќе промовирана, па ракометарите наскоро ќе имаат можност да се запознаат со квалитетите на истата.
Станува збор за топката NUEVA X5000 која има прилагоден дизајн со користење на впечатливи бои од знамето на Египет и хиерогливи кои ја симболизираат историјата на ерата на фараоните во Египет.
NUEVA X5000 се одликува и со врвен материјал кој ја подобрува контролата на топката, со мека пена, која овозможува помеко чувство и овозможува подобро зафаќање на топката.
Ова е веќе четврто првенство по ред накое ќе се игра со топка од компанијата Molten, која стана партнер на ИХФ во 2014 година.