Светската ракометна федерација денеска ја објави листата на судии што ќе бидат дел од Мундијалот во Полска и Шведска.
Како што најави 24Ракомет, најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе судат на уште едно големо натпреварување во низа, па Македонија покрај ракометарите, ќе има уште двајца претставници.
ИХФ објави листа од 25 судиски двојки, како и шест резервни парови. Од тие 25, 20 се од европскиот континент, има две двојки од Аргентина, една од Египет, една од Алжир и една од Јужна Кореја.
Меѓу двојките, има три женски парови. На СП ќе бидат и Французинките Шарлот и Жули Бонавентура, Германките кои во моментов судат на женското ЕП – Мајке Мерц и Тања Кутлер, како и Аргентинките Паолантони и Гарсија.
Мундијалот ќе се игра од 11 до 29 јануари во Полска и Шведска, а Македонија ќе биде во група со Норвешка, Холандија и Аргентина.