Ракометната федерација на Македонија доби ново признание од страна на ИХФ откако во најновото рангирање македонскиот ракомет се најде во ТОП 16 нации во целиот свет. Она што беше најавено во февруари, сега е и официјално потврдено, откако беше дистрибуирана ранг листата до сите федерации во последните неколку дена.
Македонија го има 16 место што е доказ за добрата работа во последните години на репрезентативно ниво. Во ранкингот се сметаните сите настапи на селекциите – кадети, младинци и сениори на светските шампионати.
Во првите 16 земји се и Египет и Тунис од Африка и Бразил од Јужна Америка. Меѓутоа нема неколку квалитетни земји од Европа така што ова е големо признание. Македонија е пред Србија, Чешка, Полска…
Втората група ја сочинуваат 24 репрезентации и тие се во групата „Развиени земји“, а можете да ги погледнете на фотографијата, а третата најслаба група „Земји во развој“ ја сочинуваат сите преостанати членки на ИХФ, вкупно 169.