Пред два дена во Скопје заврши првиот кадетски Мундијал во женска конкуренција, прв со 32 селекции.
Претседателот на Светската Ракометна Федерација, Хасан Мустафа испрати писмо до РФМ по повод добрата организација.
Тој упати честитки до РФМ и до претседателот Живко Мукаетов за одличната организација и додаде дека со нетрпение се очекува младинскиот Мундијал во женска конкуренција каде Македонија повторно ќе биде домаќин во 2024 година.
Нашата кадетска репрезентација го заврши настапот на СП на 12 место.