Извршниот комитет на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи да додели две вајлд-карти за Супер Глоуб турнирот.
На престижното натпреварување, кое во периодот од 7 до 12 ноември ќе се игра во Саудиска Арабија, ќе учествуваат и Барселона, како и амбициозниот Фуксе Берлин.
На овие две екипи од страна на ИХФ им беше доделено вајлд-карта за настап на неофицијалното светско клупско првенство.
Барселона има освоено најмногу титули на Супер Глоуб, дури пет (2013, 2014, 2017, 2018 и 2019), додека Фуксе Берлин две титули (2015 и 2016).
Освен Барселона и Фуксе Берлин, на годинешното издание на Супер Глоуб турнирот ќе учествуваат 12 екипи.
Во моментов познати се осум од нив, а тоа се европскиот првак Магдебург, потоа Келце, кој во ланската сезона заврши на второто место во Лигата на шампионите, африканскиот првак Ал Ахли и азискиот Ал Наџма, шампионот на Јужна и Централна Америка, Сан Фернандо, како и Сан Франциско како претставник на од Северна Америка и Кариби.