Откако младинското Светско Првенство во 2020 година во женска конкуренција кое требаше да се игра во Романија беше откажано поради пандемијата со коронавирусот, 23. издание на овој турнир ќе се одржи во Словенија помеѓу 22 јуни и 3 јули.
Ова ќе биде прво издание на турнирот во кое ќе настапуваат 32 селекции – 17 кои доаѓаат од Европа, по четири од Афика и Азија, четири од Јужна и Централна Америка и две од Северна Америка и Карибите.
Иако не беа исполнети сите услови на квалификациските турнири за од сите зони да се пласираат репрезентациии според планот, ИХФ мораше да доделува повеќе покани. Од европската зона, покани добија уште три селекции кои немаа обезбедно пласман – Словачка, Австрија и Црна Гора, плус три од Азија – Казахстан, Јужна Кореја и Јапонија, плус една од Африка – Тунис, како и плус две од Јужна и Средна Америка – Парагвај и Чиле.
Иако е дебитант на големите натпреварувања, селекцијата на Индија како азиски првак доби шанса да биде во првиот шешир и веројатно стана најпосакуван ривал на сите други селекции од овој шешир.
Веќе се познати и шеширите за ждрепката која ќе се одржи денеска во Целје во 17:00 часот. 32 репрезентации кои ќе играат на Светското првенство се поделени во четири групи по осум репрезентации. Поради откажувањето на претходните турнири на ИХФ поради пандемијата ИХФ ќе мора да додели уште една вајлд карта со која ќе се комплетираат сите 32 репрезентации.
ШЕШИРИ ЗА МЛАДИНСКО СП 2022
Шеши 1: Унгарија, Франција, Индија, Шведска, Романија, Данска, Хрватска, Германија
Шешир 2: Норвешка, Чешка, Аргентина, Швајцарија, Словачка, Словенија, Иран, Полска
Шешир 3: Холандија, Црна Гора, Ангола, Бразил, Казахстан, Чиле, Египет, Тунис
Шешир 4: Јужна Кореја, Јапонија, Парагвај, Гвинеја, Мексико, САД, Австрија, вајлд карта