Откако Германија, Норвешка и Франција добија организација на квалификациските турнири за Олимписките игри во машка конкуренција, ИХФ ги определи домаќините и во женска конкуренција.
Советот на Светската ракометна федерација, по тајно гласање одлучи дека домаќините ќе бидат Шпанија, Унгарија и Црна Гора, а турнирите ќе се одржат од 20 до 22 март следната година.
Турнир 1 (Шпанија): Шпанија, Шведска, Сенегал, Аргентина
Турнир 2 (Унгарија): Русија, Србија, Кина, Унгарија
Турнир 3 (Црна Гора): Норвешка, Црна Гора, Романија, Северна Кореја