ИХФ го одложи Супер Глоуб, новиот термин засега не е познат

Натпреварите кои требаше да се играат од 6 до 10 октомври на Супер глоуб турнирот во Саудиска Арабија се одлагаат и нема да има пресметка за најдобриот клуб на светот за 2020 година.

После состанокот на Советот на ИХФ беше донесена одлука според која натпреварување се одлага и засега не е познато кога истото би се одржало. Проблеми се добро познати, а тоа е пандемијата со Ковид 19.

Во дел од земјите има забрани и за доаѓање на жители на други држави, па не е можно да се патува и никој не сака да ризикува во октомври да мора да се откаже натпреварувањето во последен момент. Затоа уште отсега дојде до откажување на Супер Глоуб 2020.

Покрај овој турнир откажано е и натпреварувањето за ракометарки до 18 години. Мундијалот за девојчиња до 18 години требаше да се одржи од 29 септември во 11 октомври во Хрватска, но и тој е одложен. Новиот термин за негово одржување исто така не е познат.