Меѓу учесниците на Светското првенство кое од 13 до 31 јануари ќе се одржи во Египет ќе има и 19 судиски двојки од целиот свет, а меѓу нив доминираат арбитрите од Европа.
Судиите беа познати од претходно, но сега ИХФ ги потврди така што е дефинитивно познато дека место на овој шампионат има и за најдобрите судии од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Покрај нив на овој шампионат вторпат ќе се најде и една женска судиска двојка, а се работи за Шарлот и Жули Бонавентура. Контраверзните Франузинки се втората двојка од Франција, земја која е единствена со две судиски двојки на овој шампионат.
Меѓу судиите има 14 двојки од Европа, три од Африка и по една од Јужна и Централна Америка и Азија.
Пет судиски двојки од Европа се на листата на резерви и ќе чекаат шанса доколку биде потребно да се појават на терен како замена.
И судиите исто како и ракометарите ќе бидат под строга контрола и чести тестови.
СУДИИ ЗА МУНДИЈАЛОТ ВО ЕГИПЕТ
Јусуф Белкири/Сид Али Хамиди (Алжир)
Јулијан Лопез Грило/Себастијан Ленци (Аргентина)
Матија Губица/Борис Милошевиќ (Хрватска)
Вацлав Хорачек/Јиржи Новотни (Чешка)
Мадс Хансен/Јеспер Мадсен (Данска)
Ала Емам/Хосам Хедаја (Египет)
Оскар Рели/Анхел Сабросо (Шпанија)
Шарлот Бонавентура/Жули Бонавентура (Франција)
Карим Гасми/Рауф Гасми (Франција)
Роберт Шулце/Тобијас Тонис (Германија)
Мајид Коладузан/Алиреца Мусавијан (Иран)
Ѓорѓи Начевски/Славе Николов (Македонија)
Иван Павичевиќ/Милош Ражнатовиќ (Црна Гора)
Хавард Клевен/Ларс Јорум (Норвешка)
Дуарте Сантос/Рикардо Фонсека (Португалија)
Бојан Лах/Давид Сок (Словенија)
Артур Брунер/Морад Салах (Швајцарија)
Мирза Куртагиќ/Матијас Ветервик (Шведска)
Самир Крихен/Самир Маклоуф (Тунис)
РЕЗЕРВИ
Амар Коњичанин/Дино Коњичанин (БиХ)
Игнасио Гарсија/Андреу Марин (Шпанија)
Адам Биро/Оливер Киш (Унгарија)
Алексеј Ковалчук/Игор Ковалчук (Молдавија)
Курсад Ердоган/Ибрахим Оздениз (Турција).