После одлагањето на Олимписките игри во Токио за следната година од 23 јули до 8 август, во ИХФ почнаа со размислување за одлагање на една година и на квалификациските турнири за овие игри.
Според актуелното размислување засега не се прецизирани конкретни датуми, но размислувањето е натпреварите од квалификациите да бидат одиграни на околу еден месец до Олимписките игри. Терминот за кој се зборува во моментов е од 18 до 20 јуни.
При самата најава веќе се стигнати барања за друг термин. Неколку национални федерации не се согласуваат со овие термини и барат квалификациските турнири да се играат во други термини.
Втората опција е тие да бидат одиграни на почетокот на мај следната година, но прашање е дали ќе постои можност и тогаш со оглед на тоа што календарот е презафатен со други натпреварувања и не е можно да се дојде до соодветен термин.
Оттаму останува да се види кој термин следната година ќе биде прецизиран за квалификации, но најверојатно е тоа да биде после финиширањето на квалификациите за ЕП 2022.