ИХФ планира да направи измени во правилата кои се однесуваат на бројот на судиите на еден натпревар.
На судискиот симпозиум на ИХФ за иновации во ракометот кој се одржа онлајн, судиите разговарале за можноста на натпреварите да се воведе трет судија.
Главна причина за ваквото размислување на судиите е развојот и брзината на натпреварите и настаните кои се случуваат на теренот. Пробното воведување на трет судија може да покаже колку погрешните одлуки можат да бидат намалени.
„Иднината доаѓа, ракометните натпревари може да имаат три судии на теренот наместо двајца. Брзината на играта се зголемува, а исто така и настаните на теренот. Експрименталното воведување на трет судија може да покаже колку погрешните одлуки ќе се намалат. Сите, вклучувајќи ги играчите, тренерите, службените лица и навивачите сакаат да ја подобрат играта која ја сакаат. Доколку воведувањето на трет судија е подобро за сите веројатно на никој тоа нема да му пречи. Едноставен е фактот колку повеќе очи ја следат играта толку покмалку грешки ќе има. Многу потенцијални спорни одлуки би биле отстранети со воведување на трет судија“, изјави Георге Бебецос, поранешен судија.
Останува да се види како ќе функционира тоа на натпреварите, дали еден човек повеќе на теренот би правел дополнителна гужва бидејќи во минатото се случувало судиите физички да имаат влијание на играта.