Светската ракометна федерација во иднина би можела да воведе Светско првенство за уште една категорија во младинските категории.
ИХФ е организатор на Мундијали за кадетки до 18 година, кадети до 19 години, младинки до 20 години и младинци до 21 година.
На последниот состанот на Извршниот Комитет на ИХФ била разгледувана можноста да се водат и СП за најмладата категорија, која кај девојките би имала граница до 16 години, додека кај момците до 17 години.
Сепак ова е само предлог, а ИХФ во координација со ЕХФ и со другите континентални федерации, наскоро ќе има конкретни детали во врска со предлогот.
Новото натпреварување би било одлична можност за талентираните ракометари и ракометарки уште од мала возраст да стекнуваат меѓународно искуство, кое подоцна ќе им значи многу во развојот на кариерата.