Репрезентацијата на Словенија која важеше за фаворит пред дуелот со Италија до победата дојде многу потешко од очекуваното, Италијанците се покажаа како солиден противник и беа во игра до самиот крај.
Од самиот почеток гледавме изедначена игра, двете селекции се менуваа во водството, а ниту една од нив не успеа да направи предност поголема од два разлика. На паузата водеше домаќинот со 16:14.
Стартот на второто полувреме донесе подобра игра на Италија која дојде и до плус четири (20:16). Сепак, тука следуваше една серија на Словенците од 5:0 со која го преземаа водството (20:21). Од тој момент Словенците не направија посериозна разлика, но не го ни испуштија водството, па на крајот славеа со 27:29.
Во редовите на Словенија одличен беше Маргуч Гаспар кој имаше 10 гола од 10 обиди, на спротивната страна промашување намаше и Убмерто Бронзо со седум од седум. Ќе споменеме и дека новиот ракометар на Вардар кој од лето ќе пристигне во клубот, Цехте натпреварот го заврши со еден гол. Доменико Ебнер на голот на Италија собра 15 одбрани, а Јозе Бразник од Словенија 12.