Продолжуваат натпреварувањата во квалификациите на Светското првенство во 2023 година. Репрезентациите на Италија и Луксембург со победи ги отворија натпреварите во групата 4 која се игра во турнирски систем на Фарските Острови.
Италија беше убедлива против селекцијата на Летонија и ја совлада со 36:23. Италијанците многу рано ја обезбедија победата и уште на полувреме имаа висока предност од 21:13. До крај само потврдија дека се многу поквалитетен тим од Летонците и забележаа први бодови.
Николо Дантино беше прв стрелец во составот на Италија со седум гола, а по пет постигнаа Парисини и Бортоли. Во тимот на Летонија се истакна Даинис Кристопанс со шест гола. Следен противник на Италија е домаќинот на квалификацискиот турнир Фарски Острови.
Луксембург добро го започна турнирот и ја совлада екипата на Фарските Острови со 31:26. Првиот дел беше неизвесен и на полувреме беше 11:10 за Луксембург кој во продолжение ја потврди победата. Јан Хофман со осум гола беше најефикасен во победничкиот тим, а Вест Теигум со девет беше прв стрелец за Фарски Острови.
Грција го потврди првото место во групата 1 со убедлива победа против Белгија со 42:24, а Косово направи изнендување и славеше против Турција со 26:24. Со овој триумф Косово останува во игра за бараж.