Селекцијата на Индија е освојувач на златниот медал на Азиското младинско првенство во женска конкуренција за првпат во историјата на ракометот во оваа земја.
Индијките го освоија првото место во конкуренција на Иран, Казахстан, Узбекистан и Тајланд, а со оглед на неучеството на Кина и Јужна Кореја, конкуренцијата беше послаба.
Се играше секој со секого, а три селекции имаа по три победи и пораз – Индија, Иран и Казахстан, но Индија иммаше најдобра гол разлика.
Со тоа не само што го освоија златниот медал, обезбедија и место на младинското СП во женска конкуренција во Словенија, заедно со второпласираниот Иран.