Репрезентациите на Македонија и Украина досега имаат четири официјални натпревари во квалификациите, а бројките од досега одиграните средби се речиси идентични. Никој нема предност со оглед на тоа што и бројот на победи и гол разликата се еднакви.
Македонија победи пред три години во Скопје, а Украина во сега веќе далечната 1996 година. Покрај тоа им и две нерешени средби во Битола и Суми. Инаку, победите и во Скопје и во Киев беа изразени со по шест погодоци разлика.
Оттаму денеска е шансата за Македонија да направи предност во однос на Украина во меѓусебните пресметки.
ДОСЕГАШНИ МЕЃУСЕБНИ ПРЕСМЕТКИ
2 ОКТОМВРИ 1996 (БИТОЛА)
МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА 13:13 (7:6)
6 ОКТОМВРИ 1996 (КИЕВ)
УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА 25:19 (11:6)
2 НОЕМВРИ 2016 (СКОПЈЕ)
МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА 27:21 (13:10)
15 ЈУНИ 2017 (СУМИ)
УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА 27:27 (14:18)