Историскиот успех во Европа прославен со песни и многу пиво (ВИДЕО)

Ракометарите на Нексе за првпат во својата историја ќе имаат можност да се борат за шампионската титула во второто по ранг квалитетно натпреварување по ЛШ – Лига на Европa.

На реванш натпреварот од четвртфиналето против ГОГ ја сочуваа предноста од првиот натпревар, на кој триумфираа со 32:27, и одиграа реми, 37:37.

Иако, ГОГ од Данска влезе како фаворит против Нексе, сепак хрватскиот вицешампион ја покажа својата доминација уште во првиот дуел одигран во Нашице.

Избраниците на Бранко Тамше на реваншот во Данска предводени од екс ракометарот на Металург, Халил Јагањац, испишаа историја и се пласираа на фајнл-фор турнирот во Лига на Европа.

Нексе пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Лига на Европа го прослави на еуфоричен начин во својата соблекувална.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rukometni klub NEXE (@rknexe)

И Нексе и Бенфика со реми во реваншот до фајнл-фор во Лигата на Европа!