Иста причина: Од Металург си заминуваат и играчи, и тренери – сега и физиотерапевти

По заминувањето на неколку играчи, неколку тренери сега од бродот на Металург заминува и физиотерапевт. Вест што и не е толку од спортска карактер, но ја покажува ситуацијата во која се наоѓа клубот. Причината е повторно иста, долгувања. Така барем ни потврди последниот што реши да замине од Автокоманда.

По речиси 1,5 години физиотерапевтот Виктор Стојанов се поздрави со играчите и откако заедно го одработеа тренингот си замина. До некои подобри времиња.

Пред неколку денови отпуштен беше и тренерот Оливер Димитриоски, и тоа со СМС порака откако загуби од Пролет. И тој се качува на возот за исплата. Претходно си заминаа Зоран Кастратовиќ, Алексо Лембанов и Петар Мисовски како дел од тренерскиот дел. Кастратовиќ уште тогаш потврди дека заминува бидејќу му се должат осум плати.

Сезонава и неколкумина играчи си заминаа: Никола Потиќ, Бранко Канкараш, Дарко Кондев, Марјан Мариќ, Михајло Младеновиќ, Лука Вујовиќ. Намалениот ростер прави проблеми да се формира тим што може д абиде конкурентен. Но, на полусезона беше ангажиран и еден нов бек – Калуѓеровиќ.

Сите спортски клубови имаат недостаток од пари за да бидат подобри. Спортскиот ваучер што го доби Металургна почетокот на февруари е 17.500.000 денари (околу 285.000 евра) и останува да се реализира за да може да функционира. Исто така клубот треба да добие и паричен надомест од ЕХФ за играње во групната фаза од Лига Европа и за секој освен бод.

Тоа би требало да ја поправи ситуацијата, но сезонава тешко ќе може да се интервенира во играчкиот кадар. Преодниот рок е завршен, па единствено може да се размислува за следната сезона. Привремено на тренерската клупа седна Владимир Глигоров, но можно е тоа да биде и времено решение до крај на сезоната.

По загубените три бода од Пролет во првото коло на домашната Супер лига, сега шансите на металурзи да бидат што поблиску до Вардар и Еурофарм Пелистер се доста намалени. Но, остануваат уште 13 кола за играње.