ИСПОВЕД на француска легенда: Не одбрав дрога и алкохол, туку секс – но не сум педофил!

Поранешниот француски репрезентативец Бруно Мартини во месец јануари оваа година беше уапсен во полициска акција која траеше повеќе од две години.

Некогашниот голман заедно со уште неколку лица беа обвинети за педофилија, искористување малолетници и снимање детска порнографија.

За потсетуваање, прославениот ракометар беше осуден на една година условна затворска казна, односно парична казна од 2.500 евра и доби петгодишна забрана за вршење позиции поврзани со интеракција со малолетници, откако беше докажано дека „уценувал малолетник и чувал порнографска слика на малолетно лице“.

52 годишниот Мартини во разговор за „Л’Екип“ проговори за целата ситуација, која речиси му го уништи животот.

,,Неспорен е фактот дека детето имало 13 години. Но јас тоа не го знаев. Полицијата дојде да ја претресе мојата куќа во Париз и мојот поранешен дом во Еро, каде што живеат мојата поранешна сопруга и ќерка ми. Запленија компјутери, телефони…, но ништо не најдоа. Јас не сум педофил. Можеби изгледа како да го кажувам ова како изговор, но тоа е вистина. Во 2019-2020 година имав голема депресија, еден вид пад. Можев да западнам во насилство, да употребувам алкохол и дрога. Но, јас избрав секс. За мене тоа не беше цел, туку средство. Направив работи кои се надвор од мојот карактер. Нема сомнеж дека мојот живот заврши на 23 јануари 2023 година – денот на судската пресуда”, изјави француската легенда.

Мартини долги години го чуваше голот на Франција, а со „триколорите“ два пати стана светски првак, во 1995 на Исланд и шест години подоцна на домашен терен. 52-годишниот Мартини бранеше за Истр, Монпелје, ПСЖ, шпанските Теукро и Кангас, како и германските Вупертал и Кил…