Репрезентацијата на Исланд во 3. коло од прелиминарната фаза на Светското првенство во Египет обезбеди пласман во главната рунда откако ја совлада селекцијата на Мароко со 31:23.
Исланѓаните немаа многу проблеми да се справат со африканската репрезентација, Мароко имаше само добар почеток и предност во првите десетина минути. Но во продолжение работите дојдоа на свое место и доминираше една екипа на теренот.
После водството од 3:1 на Мароко, репрезентацијата на Исланд го презема водството и успешно го задржа до крај. Уште по првото полувреме фаворизираната селекција ја оправда улогата и имаше добра предност од 15:10. Кај Мароканците имаше голема нервоза, па заработија рано исклучување уште во 10. минута кога Исмаили доби директен црвен картон.
Залихата од првиот дел се покажа доволна за конечна победа во продолжението. Во 46. минута поцрвене и Харчауи, додека во 50. минута на Хакими му беше покажан и син картон. Сите картони беа поради груби стартови, но на Хакими му се заканува и суспензија бидејќи ќе следува извештај за синиот картон.
Разликата растеше во корист на Исланд и во завршницата, а на крајот достигна високи осум гола. Со оваа победа Исланд во следниот круг оди со два бода, додека Мароко игра ќе игра во Президент купот.
Летаа црвени и сини картони, „пола“ Мароканци се преселија на трибини (ВИДЕО)