Ракометарите на Исланд на гостувањето во Талин против Естонија беа убедливи со 12 гола разлика, 35:27 (20:13) во натпревар од 2. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.
Исланд во убедливата победа беше предводен од Бјарки Мар Елисон, кој во натпреварот против Естонија постигна 12 гола од 13 обиди. Во редовите на Естонија се истакна Том Карл со осум реализации.
Во првото квалификациско коло, селекцијата на Исланд рутински одработи против Израел триумфирајќи со 36:21.
Двете репрезентации во својата квалификациска група ќе играат и против селекијата на Чешка.
Шпанија во натпревар од ЕХФ Евро Купот ја совлада Германија со 32:31 (13:13).