Женската селекција на Исланд во Македонија ќе допатува со ростер составен од ракометарки кои играат во домашниот шампионат за претстојниот квалификациски турнир за место во бараж натпреварите за Светско првенство во Шпанија.
Иако одреден број на ракометарки од Исланд играат низ Скандинавија, селекторот Арнар Петурсон, реши главно шанса да им даде на ракометарките од првите три водечки екипи од островската земја.
Во селекцијата на Исланд ќе биде и искусното трио ракометарки – Кнутсдотир, Харалсдотир и Јонсдотир, кои долги години играа во странство, но оваа сезона се дел од исландски клубови.
Исланд е противник на нашата селекција и директен конкурент за првото место на турнирот кој ќе се одигра од 19 до 21 март во СЦ „Борис Трајковски“. На турнирот ќе учествуваат и репрезентациите на Грција и Литванија.
A landslið kvenna | Hópurinn fyrir forkeppni HM
Arnar Pétursson þjálfari A landslið kvenna hefur valið þá 18 leikmenn…
Posted by HSÍ – Handknattleikssamband Íslands on Петок, 05 март 2021