hdrpl

Искусниот Зоран Стојановски го засили Радовиш

Тимот на Радовиш посакува брзо враќање во елитната конкуренција на Македонија, па се засили пред стартот на новата прволигашка сезона.

Нов ракометар на Радовиш е искусното лево крило Зоран Стојановски, кој по три сезони со враќа во овој клуб.

Велешанецот, кој потекнува од Борец, а ги бранеше боите на Овче Поле, Голден Арт и Тиквеш, одново ќе заигра за Радовиш и ќе се обиде да му помогне на клубот да обезбеди брз камбек во Супер лигата.

Претходно тимот на Љупче Мијалов го врати и левиот бек Здравко Постолов во своите редови, а во клубот останаа Иванче Ончев, Кристијан Костадиновски, Филип Талевски…

Радовишани го донесоа и еден од најдобрите прволигашки стрелци, Васе Петров од Текстилец, а беа потпишани договори и со Филип Костадинов, Бојан Јованов, Филип Димовски, Костадин Ѓоргиев и Јован Ѓоргиев.

Новата прволигашка сезона почнува на 23/24 септември, а допрва ќе се знае по кој формат ќе се игра.